top of page

АПОКАЛИПСА НА АПСУРДОТ

Ни месечината веќе не ми го краде сјајот
како што успевам да се загубам во себе,
да не го знам патот, ќе се сопнев
а мислев, живеј – сонце в гради душа ти гори.

Не ми ги гледај раните – лузни стари се,
ожилки на минатите дни, на себе
а, не поделку од синото ми небо
а патот свој,го загубив барајќи си ги очите.

И,  не ми требаа други дни, си ги сакав старите
моите очи што ми беа најсветлиот фенер
доцна навечер, а сега не сум сигурен
што значи да е доцна, ниту пак за навечер.

Ги сакав птиците што ме надлетуваат,
неразбирајќи си ги и своите зборови
туку само оставив да ми ја распарчосаат кожата
- друга кожа немав, ја соблеков сета.

И, колку и да сакав сега да го видам осветленото небо,
очите ми беа заробени – слепи не гледаа
ништо друго,
освен себе и без себе.
 

Ако можев да бегам, веќе одамна го знаев патот
ако успеев да избегам – не ќе бев на разделба
ќе посакав само очите да ми гледаат
оти сјајот им беше подзаборавен – а  ништо друго не гледаа.

bottom of page