НОВА КНИГА
ЕГО


ДРУГА СТРАНА
Ни името на грев не и личеше
туку само беше мое огледало
- каде јас се соочував со
стравот во нејзините очи.
И, посакував да не ги сретнев ни допрев
нејзините модринци,
мислев, скитам – летај човеку реков
потнувајќи во дел од себе,
поклонувајќи ја другата половина
од другата страна на улицата.
Не сфатив – небото беше преголемо
а, ѕвездите пресветли да ја осветлат
тагата во нејзините раце
а, јас скитник со секој нејзин допир
потонував, уште посилно, уште појако
соблекувајќи си ја душата,
ситнејќи си ја на парчиња
- без да разберам дека името на светот и личи.
Не постои поголема темница,
ако на крајот од тунелот
се загубуваш во воздишките свои,
ако душата и е чиста
- што душа ти раскажува копнежи?
И, колку и далеку да потонувам,
не успевам да си простам на себе,
оти си го сакам гревот
и гревот мене,
а, од очите нејзини не успеав да прочитам
ништо
- друг свет, две различија.
И, не постоеше тишина што не сакаше
името да ми го собере,
не постоеа стихови кои душата ми ја разголуваа
а, душата и онака ми беше соблечена сета.
-Со погледот твој, чија душа се обидуваш да соблечеш,ако душата не ти е чиста цела?