top of page

НА ЗАПАД

Остави ми го барем ветрот
да ми ја оддува и оваа душа што остана
оти очиве не гледаат
а живот на карма се живее.
 

Кој ми ги одлета птиците?
Телото што ми го покриваа нивните пердуви
што душа глас ми галеше пак
што очи, од далеку погледуваа
а, погледи  низ воздишки речени.

Не знам дали, утро ми гали сонце,
сонце што  в гради оган створи
што  низ пепел душава излезе сета
а,  мршојадци не чекаа – ме разграбаа за ден.

Вечер, штом ноќ ќе ме погали
штом надеж од очи ќе избега
штом мисли во утра ќе останат
глас  немам  што да кажам
одвај ќе изустам да прошепотам...

НЕ, не ми ги гледај рацеве
не ми ја фрлај напишаната белешка
сништа под нозе ми останаа
а, светла в очи несветат повеќе.
 

Ниту глас  - двобој да повика барем
ни зглоб да прокрцка
ни збор два да докажам
- немо ме заќутуваа секојпат.

А може и небо ми криело траг
oд гласови што ноќе ми шепотат
а,јас успевам само да потонам,
некаде во заборав,
сакајќи да бидам свој.
 

 

Што утра  ми прегрнуваат  ненаспани ноќи
а, ноќи за љубов ми биле
а од љубовта само
пишан збор, колку да закрпи душа.


Не постојат,  вечери а да не се плашам
да се сокријам во ликот свој
а, вечерва немој никаде подалеку -
барем тоа да го кажев тогаш.


И, очите да ми  гледаат утро,
да не ми трепери гласот
да не ме плашат годините
да не се плашам да те отсонувам -
а не сакам да се разбудам
од сонот.

Барем до утро да не заспијам,
да не го избегам погледот
а, се загубив гледајќи од себе,
зборовите недокажани
ми останаат  преплетени со дивото месо.

 

Некогаш ми е страв  да не те погледам
во сенката своја, оти ти во твојата
ме остави буден, или грешам?
 

bottom of page