top of page

ЗАТИШИЈЕ НА ВЕЧЕРТА

А, не знам реков

не чувстувам веќе страв
само избледена надеж
што успева коски да ми протире
очи да ми погали
утра да ми  недосонува
а, вечерите за сонови се...

 

Каде да го фрлам погледот,
Ако  сонцето не ми ја погалило
душата,
Ако воздишките не ми ги топлат рацете,
ако ноќите ми шепотат немо
што глас -  изутрина ми гали чело
ако,  пред сон се збогувам со самотијата?

 

 Ако, утро надеж ми собрало,
што вечер ќе се беше втурнала
во месечината -
а нејзиниот фенер одамна е прегорен...
блага светлина, расфрлани улици
што очи не ми прегрнуваат,
само ветрови што усни
ми горат,
што светлина немо
по тело ми се растопува

 

И, чиниш – вино ми гали усни,
а, се дозаробувам во копнежите свои.
Низ долгото ноќнотишие,
успеав вечерта да
ја претворам во дел од себе,
дел од мене
а, сепак не им избегав -
се обвинував за  недогледот на изгрејсонцето,
За несонувата месечина
за недоизброените  ѕвезди
а, себеси успеав  да се измножам
со птиците што никогаш не летаат.

Моите крлија, одамна закржлавеле
дивеат ветровите што ми разбрнуваат душа,
гори пепелта в гради
пепел сонце што ми створи
а, јас само сакав
да прошепотам.

 

Негледајќи го синото небо -
немав сила да видам ништо друго
освен црно јато  птици
што натежнало како
изморените сончеви зраци
разлевајќи се низ  брановите
на морето,
а, приказни од  срце
душа ми раѓа.

Не ми е старо сонцето  -
месечината со нејзината блага
и разлеана нежност
успеала да ме зароби
во нејзината светлина,
недавајќи ми
да посакам да се прегрнам,
а, сите имаме денови
на недоглед или бегаме од себеси?

 

    За кој ден бегаш, ако сонцето утре нема да ти погали чело?

bottom of page