top of page

   ЗА  АВТОРОТ

DSC_7995.JPG

ДРАКАЛСКИ ФИЛИП

Дракалски Филип е роден на 07.06.1998 година  во Скопје како прво дете во фамилијата Дракалски. Своето основно образование го завршува во ООУ„Дедо Иљо Малешевски’’ во Берово.  Неговото гимназиско образование го продолжува  како стипендист во приватниот турски колеџ „  Јахја Кемал’’ но после две години одлучува да се врати во родното Берово и матурира во ОСУ„Ацо Русковски’’ – Берово, како  еден од најуспешните ученици во гимназијата.
Во 2017 година се запишува на Медициснкиот Факултет во Скопје на студиската програма општа медицина.

Дракалски прв пат се појавува во  јавноста со неговиот прв  роман во 2012   а кон крајот на 2014тата го објавува својот   втор роман  насловен како „Запеј Срце’’.  Година дена потоа  Дракалски го најавува  и неговиот роман „Патот до Лондон’’ кој подоцна самиот го повлекува од печат, (за истиот постои блог, кадешто го промовира само онлајн-медиумски, но причината зошто го повлекува од печат останува скриена некаде длабоко во неговите архиви).

По повлекувањето на романот „Патот до Лондон’’ Дракалски, не објавува ништо во јавност,  а година дена од своите студии  Дракалски го најавува своето ново дело, насловено како   „Его’’ имено поезија.


Во поезијата освен љубов, скриени се доста животни лавиринти кои секој од нас ги искусува,доживува и проживува. Дракалски препознатлив по својот несебичен стил успева на инзвонреден начин да ја пренесе пораката: „Спознајте се себеси, и верувајте посилно во утрешниот ден’’.

bottom of page