Home
Resume
Writing
Contact
Blog
More
„...Не можев да сфатам, ги сакав и луѓето и птиците со каџите орловски. Едните на живо, другите на слепо ми ја соголија душата. Жив ли си? - душата чиста ми остана сета.... “
„...Кој ми ги одлета птиците? Телото што ми го покриваа нивните пердуви што душа глас ми галеше пак што очи, од далеку погледуваа а, погледи низ воздишки речени...“
Да, знаеше дека ќе ми трепери телото ќе ме покриеше ли со карминот твој или ќе оставеше ветрот да ми ја одлета и последната птица?
Живели љубов! за некогашните дни. за убавите сеќавања.
Не ми ја соголувај душата - веќе ти реков
Ми рече ли ? - глас ми прошепоти од страна. Соблечи ми ја и мојава, да заиграме танго без да сакаме, без да се прегнеме.