top of page

ТЕ ГЛЕДАМ ВО СЕБЕСИ

Не знам каде ми гледаат очиве.
Уморни.
Ненаспани.
Долж  несон,
во себе носат,
избледувајќи
гледајќи те
светеа уште посилно,
нерами дури и на најсветлата
 ѕвезда.
Некаде можеби,
борејќи се со себеси,
патувајќи низ себеси,
сфатив
зошто тишините се појаки од зборовите.
За тебе молчев,
и кога бев свој.
Недалеку од  недогледот вечен,
вметнат
во излишените сеќавања
исти како и студенава ноќ.
Како оваа немилосрдна ноќ,
будејќи  ми денови за некогаш,
а вечерва е сега.
А, сега  само освен  ладната ноќ,
ништо не можам да ти подарам.
Очиве, не светат како порано.
Шепнувајќи ми,
замини си од прегратката,
недвозволувајќи ми
да те гледам во себеси.

bottom of page