top of page

ПТИЦО НА МЛАДОСТА

Ноќе, за кого  ти трепери телото?
- ако пред спиење  бегаш од себе
бегај навреме,
бегај и од мене.

А, само надеж сум
и чиниш цело утро ми го затемни сето небо
не ми пушти ни зрак
- а очите само за тоа ми се.

Не ми ја гледај душава
не ме допирај – ме болат допирите
не ми ги број ребрата  - прегрни ме
не бегај ми од пред сенката
остави ми ја барем до зајди сонце.

Птицо на денот, ноќе со кого живееш?
Те буди ли првиот зрак или некаде
пред изгреј живот –  горки зборови ми крадеш?
 

Што да ти кажам ако зборовите ми ги украде
бегај одлетај ми од душата,
душа без душа ранета
небо без сонце
а само приказна сум
приказна без љубов започната
докини ми ја душава.


Бегај, пушти што побрзо крилја в лет,
одлетај ми пред време,
остави ми ги само очите  - да гледам каде бегам од себе.

Бегај, бегај што подалеку,
само летај, па макар и без клија
по небото без птици,
по небото со загубени јата птици
- а приказна  без љубов, љубена
љубовден  пред себеси ми раскажува.

Одлетај, што побрзо 
или има за кого да ти цвета младоста?
Сигурно не  е за мене
- вечер и самотија пријатели верни ми се
 

Денови, што не ги познавам,
а не знам јас, дали сенката твоја ме плаши
- не ја собира во сон
избледена веќе ми е.

На кого му ги отвараш крилјата?
Кој ли е,  бездушен  да те слуша
како липаш бездуша.

Не ти треперат ли очите – или не ги чувствуваш со денови?
Кај да се оди – ако патот време не ми дава
стих да ти донапишам,
а, време пусто лек не ми дава
само ветер да ме оддува,
- трага од тебе ми остава.


Утро, што грев ти сторив  да ми го
затемниш  небото
- кој ќе ми ја врати младоста
ако мислата ко сон ми избега?
 

bottom of page