НОВА КНИГА
ЕГО


ЧИСТА ДУША
Ги сакам луѓето -
иако на слепо ми ги извадија раните
ми ја соголија кожата
без да ми ја раздвојат душата од неа
Ги сакам луѓето -
и бесот во нивните очи,
лутината налик на намуртени очи
и превез од светлина што не и се гледа крајот.
Ги сакам луѓето-
и тие што го мразат срцебиењето
што не ми ја тргнуваат насмевката од лицето
што се плашат од себе,заробувајќи се.
Ги сакам луѓето -
што се обидуваат да не го слушнат звукот на камбаната
што уморните очи не им го преврзуваат денот
а, виновно им е сонцето надвор.
Ги сакам луѓето-
и светот што самите не го сакаат.
И, болката в гради налик на сонце што пече
и денот – вечерен сторен,
сакам сè.
Не се обидувам да ги прегрнам птиците,
нити утрото од кое што бегам,
доволен јаз ми продрира што подлабоко во вените не ми ја дорасечува следната.
Тријас од спомени, вртелешка ми прават
бегајќи од мене, сакајќи го сонцето
не ги гледам птиците,
моите очи ништо веќе не гледаат
ни трпки не ме полазуваат,
и реков жив ли си?
Јаз темен налик на катран
посилно од јаже, ми ја стегнало душата
и на живо -
боли, а болка не осеќам.
Жив ли си? – глас ме погали од страна
Празна тишина, налик на сончева песна
зраци што тело ми галат,
а мисли скитинци – планини искачуваат.
Не можев да сфатам,
ги сакав и луѓето и птиците со каџите орловски.
Едните на живо, другите на слепо ми ја соголија душата.
Жив ли си?
- душата чиста ми остана сета.