top of page

БЕГАЈ ЗАЈДИСОНЦЕ

Не знам дали да трчам
или трчајќи да бегам
да барам воздишки
во светот пуст
налик на тебе
зачмаен по старите
спомени,
по старите
минати дни,
 

Што копнеж не ги лекува
што рана не се преврзува
што утро не мириса на дожд

Мисло зла, што памет си збрала
што ноќи будни ми ствараш,
што очи уморни
не наспани бегаат
од погледи,
од изгрејсонца,
- Раце уморни од типките
избледени,
уморни од стихови празни
стихови
без љубов
а со љубов речени.

Што ноќи,  отуѓени минале дни,
што раце, се губат
во грабежот од коски
прегрнувајќи те,
барем на лик,
некаде од далеку,
посакувајќи
си утра,
со љубов
а без љубов напишани.


Сонце светло,
што живот
даде,
не ми изгревај в гради
зајдисонцата
укадени ми се,

не ми гали очи,
без капка надеж
венеат,
не ми праќај зрак
што душа
не го сака.

дните минати – кој да ми
ги излекува?
дните со љубов
а без љубов, љубени.
дните
со
срце,
а без  срце живеани.


И утрата не ми се надежни
густи,
сами,
осамени,
уморни со рацеве од типките избледени
ми отвараат рани,
одамна избришани
одамна закрпени
одамна
заборавени..
 

Времето што утра
го галат,
што ветрот коси
разбранува,
што
мраз в душа
не ми бега,
што  дни
без
тебе,
а со љубов
минати.

Што суви усни
капка дожд не ги
милува,
што
небото ги гали
изморените
ребра
прегнувајќи ги,
давајќи
им изгрејсонце
без зајдисонце.

Налик на утро без сон,
изморено
бледо
избледено.

Налик на љубов
без љубов љубена.

bottom of page