top of page

ЖИВЕЛИ ЉУБОВ

 Живели, љубов!
Кревам чаша,
за некогашните
минати дни,
за непроспиените ноќи
за самотијата
за недогледот
скриен
во себеси – уплашен
дури
и од светлината
на месечината.
 


Живели љубов!
Во оваа предновогодишна ноќ,
си се повикувам
на двобој – сам со себеси.
Си се потсетувам
на спомените,
на некогашните
денови,
кога очите
ми светеа
гледајќи
те насмеана,
а сега,
освен
самотијата
ништо друго
не можам да ти подарам.


Живели љубов!
Некаде во нечии прегратки,
замисли си желба,
замисли и затвори ги очите,
не повикувај ме!
не гледај наоколу
не ќе ме најдеш.
И, онака
оној ден,
не го пуштив
викот, што
сега в срце се свил.
Што како мандра
ме убива,
тивко
полека,
потсетувајќи ме на тебе.

Живели љубов!
Ј
ас, немам
што да ти кажам.
Моиве желби
останаа
пусти,
излишени,
непосакувани
недоречени
недокажани,
недопосакани,
нецели.
а, без тебе се има ли желба?
Освен со ѕвездиве,
немам со кого да наздравам.
 


Живели љубов!
за некогашните дни.
за убавите сеќавања.


P.S. Вечерта е долга, те чекам
на исто место,
со топла чаша вино,
гледајќи те,
да
заборавам на себеси.
 

Те чекам, на полноќ,
ако не – сонот е празен.
излишен.
само, остани моја.

Живели љубов!

bottom of page