НОВА КНИГА
ЕГО


ИЈАС ИСТО
Јас,
плачев кога се смеев најгласно
зборовите ми беа појаки од тишината
утрата погласни од ноќта
а, телото знаеше да ми трепери без престан.
Неколкупати пред да посакам да живеам
успевав да се изборам со два дена без себе
на третиот си ги одлежував раните
а без себе ни самиот не успеав да се сретнам
Јас,
се плашев од мрачното небо,
од старите автобуси,
старите фармерки и мислите што утро ми крадат
а навечер ме оставаат буден.
Јас,
знаев да се пронајдам во капката од водата,
во пепелта на сонцето,
во новото дождливо утро
без да го побарам твоето.
Јас,
сакав да воздишнам што погласно
на секој инспириум сам се заробував
си правев ретроградна амнезија
а, себеси успеав да се заробам во кафезот од страв.
Јас,
само сакав да молчам во тишината,
и молчев иако зборував што погласно,
на секој трети – до петти збор
си ја распарчував кожата
без да пуштам вик.
Јас,
сакав да се пронајдам дури и во црното кафе,
во новото сонце што е на прагот,
во новите стихови,
а навечер
мислите ми бегаа
а рацете ми беа уморни да ги стигнат.
Јас,
не знам дали бев изморен од себе
не знам дали чувстував
не знам на што се надевав
- јас не знам кој сум.
Јас,
и онака без себе знам да излезам
се зборавав неколкупати денес
сам си го извадив платото од внатре
сам се погалив, за добро утро.
Јас,
сакав да се смеам и кога плачев
сакав да танцувам со дождот,
сакам да сакам уште посилно
- попатните кростници ми прават густ сообраќај
извини не е до мене.
Јас,
знаев да си го простам истиот грев во двапати
на трериот пат се каев,
сакав да му се извинам и на огледалото
попат сакав да се насмеам без да воздивнам.
Јас,
ми се чини дека не си ја чувстувам левата страна,
си играм на нов ден без да го испратам стариот
и веќе на далеку не ги гледам лицата,
гледам маски – полни а празни светови.
Јас,
знаев да му посакам добродојде на секој (полу)свет,
и да се радувам со него,
да пиеме текили без да мислиме на утре
- пиејќи си копавме длабоко низ пршлените.
Јас,
не знам дали се плашев од тебе,
или сакав да бидам доволен за себе,
се плашев да ти кажам
ти кажував многупати, без да сакам.
Јас,
знаев да треперам дури и кога ме болеа допирите
дури и кога твоите нежни раце знаеа да ме соголат
и секое поздравување знаеше да ми го украде погледот,
ми се чини дека сенките веќе од далеку знаат што мислам.
Јас,
успеав да се радувавам на денот,
но без малку занесен тонев во некој бродолом
не бев сигурен како да трчам
- занејќи дека маратонот е без крај.
Јас,
знаев да си ги признаам грешките,
знаев да ги проголтам и твоите
без да помислам
на душата твоја,
оти и онака беше пола присопеберна
пола без живот – живеена.
Јас,
не знам што да ти кажам
не знам ни јас што да си кажам,
ме плаши секој шум,
уште повеќе се плашам од себе.
Се плашиш ли кога воздивнуваш?
-И јас исто.