top of page

СОН

Исто како што ноќта ми ја разбранува душата,
дај ми ја твојта,
да за играме танго  - тука додека сонцето
нè ни ги осветлило душите.

Сонцето в гради само може да не заслепи
а, мене од тебе не ми се бега  -
допири навидум на себичност
допири на дораспрачи ми ја душава.

И, којзнае колкупати сакав
да не го дочекам сончевиот блесок
да потонам во длабок сон -
исто како и секоја вечер:
јас, ние, ѕвездите.

Знаеш, ветрот веќе почна да наликува на нас,
знае да ме изненади – од топло ќе пушти
по некој ладен бран,
чисто колку да ми разбрани душа.

А, знам, постојат денови кога не сакам
да бидам свој,
да бегам а да знам дека  месечината одвај
ми прати сноп на светлина
-  колку да ме потсети на чистото небо.

Буден ли си?
- чудно бранување си прават мислите мои.

Буден ли си ?  - трипати ме праша глас од страна.

Доцна е,
времето ми е кратко
животот спакуван во куфери
- решив да одам,

Буден ли си?
- ми летна погледот кон сликата на масата.

Буден сум
- остави ми ја вратата,
ветрот да ми ги раздува сеќавањата

Ако сонцето утре заборави да ми прати зрак

Буден ли си?
          - не заспав до наутро.

 Ни малку не ми гледаат очите.

Буден сум
     - надежен за сон и себе,
оти душата  ми ја отвори цела.

bottom of page