НОВА КНИГА
ЕГО


ГОЛА КОЖА
Ни наутро не ми ја оставаат кожата сета
неуморно ми кинaт дел по дел
небаре има веќе што да докинат
- освен мисли што душа ми поместуваат,
ништо не ми оставија.
Очите не ми ги гали сончевиот зрак,
ни усните ја милуваат пролетта,
само студ в гради,
што ни најсветлиот пламен не ќе го разгори.
Само сакав шепотот да си го слушнам,
но птиците оддалеку само ми го прелетаа
синото небо,
ни грак – за поздрав не ми оставија.
А, некаде пред разденување,
наслепо си ги кажаа маките
и телото мое на живо го растргаа сето
- разделуваќи ми ги и белезите што
ме потсетуваа дека живеам.
Не, не сакав да гледам,
не сакав да го чувстувам
зимскиот студ во доцната пролет
а, немав друг избор.
И, да сакав да избегам
се заплеткував во сенката своја,
лицето одамна престана да ми крие брчите
а, лице за себе – немав.
Колкупати и да сакав да се сокријам,
немо потонував во заборав со себеси,
не можев да изговорам до крај
- а зборовите одвај ги прошепотував.
И, мислев оти секое утро само
надеж со себе ми носи,
но залудно.
Предолго ми било ладно
а душта кревка, попуштила сета.
И, да сакав збор да кажам
студот не ми дозволи
немо ми ја затвараше устата
недавајќи ништо да изустам.
Само вечерите, сведок ми се
оти немав друг избор
освен со ноќта да се поистоветувам,
надевајќи се дека очите барем ќе ми прогледаат
а ако не можев да избегам од себе.
како ќе посакав да бидам свој,
- твоите очи за кого светат
ако навечер го немаш месечевиот сјај?