top of page

ГРЕВ

Уште колкупати ќе ми ја досекуваат душата?
Птиците зар сѐ уште не ме одлетаа?
И, време ти што рани ми лечиш -
ги отвараш како со шпатула на живо да ме  соголуваш.

И ти погледу, што утро ти краде мисли
што небо ти сокрива сјај
што ѕвезди навечер тело ти галат
а во молк што зборови проголтуваш.


Наоколу ист хаос. Иста душа од мене
што не ти гали поглед
а поглед заборавен  од небо ми е
грев што и не го направив јас,

а, чиј грев плаќам?
кој душа успеа да  ми соблече?
Да зачекорам, чекорејќи
да се сокријам
од себеси.
 

Не ми галат ни мисли – планини
а,солзи  заробени се плашат
лице да ми погалат
ни соновите  не ме оставаат
барем да посонувам,
да прошепотам...

А,  само со погледи се борам,
со вечери – не сум сигурен
оти  ветрот  ми ги одвеа
наслепо врзаните  мисли
- ме зароби во кафезот од  брчки.

Ми прошепотува – често,
не ми дава да  го најдам зракот
што сонце  немо го крие
во погледот свој.

 

А секој нареден допир,
се повеќе ми ги соголува модриците од тело,
исто како што минтатите дни
се лупат со секоја нова лузна.


Ни  дните мирни не ми ги оставија
а, јас сѐ уште сум тука,
иако градот  без светлина е потонат во целост -
а, ништо не ми е.


До кога да го чекам последниот воз?
Уште колку ќе пропуштам?
- па сам да се прегнам
и онака зборовите душа ми галат.
 

А,  во што да се облечам овојпат ако
сите насмевки ми се потрошени?

Не ми прошепотувај ништо ноќе...
остави ми ја душата празна
или  докрај ќе ми  ја соголиш душата?
 

bottom of page