“... а, јас скитник со секој нејзин допир
потонував, уште посилно, уште појако
соблекувајќи си ја душата,
ситнејќи си ја на парчиња
- без да разберам дека името на светот и личи...“
„...Ни наутро не ми ја оставаат кожата сета
неуморно ми кинaт дел по дел
небаре има веќе што да докинат
- освен мисли што душа ми поместуваат,
ништо не ми оставија...''
,, ...Буден ли си? - трипати ме праша глас од страна. Исто како што ноќта ми ја разбранува душата,дај ми ја твојта, да за играме танго - тука додека сонцето
нè ни ги осветлило душите.
Јас, знаев да му посакам добродојде на секој (полу)свет,и да се радувам со него,да пиеме текили без да мислиме на утре- пиејќи си копавме длабоко низ пршлените.